Thursday, December 20, 2007
DVD софтвер
DVD Shrink е бесплатен и неверојатно мал софтвер кој ќе ви заврши за еден миг работа за да пренесете некој DVD видео запис на вашиот компјутер или да напрвите од истиот друга копија, исто така овозможува компресија на DVD форматот и вадење од менито некоји делови кои за вас не се потребни. Постапката за правење на DVD видео копија e следнава: за да започнете со кпирањето DVD дискот отпрвен ќе ја покренете DVD Shrink програмата а после овој чекор ќе го внесте во вашиот DVD читач или подруго кажано во вашиот DVD ROM потребниот DVD диск, кој за да ви го изреже видео записот потребно е да биде DVD читач и DVD режач a не DVD читач а обичен CD резач. Откога ќе го внесете DVD видео записот ваш следен чекор е да го кликнете копчето со наслов open Disc које што се наоѓа како прва дадена опција од левата горна страна во веќе отворениот прозорец. Откога ќе го кликнете ова копче вас ќе ви се отвори едно мало прозорче на које пишува Open DVD disc во које во внатрешниот дел пишува Select DVD drive или наш јазик преведено "СЕЛЕКТИРАЈ ГО DVD ПОГОНОТ ВО КОЈ СЕ НАОЃА DVD ВИДЕО ЗАПИСОТ", ако вашиот компјутер располага со повеќе DVD погони или така наречени читачи во паѓачкото мени ќе ви се појавата повеќе DVD погони кој еден во кој што се наоѓа DVD дискот ќе го селектирате. Исто така ако имате претходно некој виртуелен drive исталирано DVD Shrink ќе препознае како втор DVD drive. Откога ќе го селектирате DVD погонот во кој што е вметнат DVD дискот ќе кликнете на копчето ОК. После ова команда вашиот DVD читач ќе направи една кратка анализа на DVD дискот. По анализирањето на DVD дискот DVD Shrink ќе ви отвори други опции који беа претходно недостапни: копчето Beckup које ви овоможува да ја одредите локација во која планирате да го сместите привремено или конечно вашиот DVD видео запис и опцијата со наслов COmpression Settings која ви овозможува да го компресирате вашиот DVD видео запис. За да започнете со вадење на копија од вашиот видео запис притиснете на копчето со наслов Beckup. Откога ќе кликнете на ова копче пред вас ќе ви се отвори едно прозорче на које пишува Beckup DVD. Во ова прозорче ви се дадени две опции преку кои можете да го селектирате вашиот режач и да креирате локација и папка во која планирате да го копирате DVD видео записот. Селкција на DVD режачкиот погон или така наречен DVD режач се врши преку опцијата која се наоѓа како прва од горната страна која е истакната со наслов Select Beckup Target a опцијата која ви овозможува да создадете локација и папка за вашиот DVD видео запис е истакната преку вторта опција со наслов select folder for temponery files, откога ќе заврште со ова сетирање на крајот на горното мани преку опцијата со наслов Burn Settings можете да ја сетирате брзината со која планирате да го изрежете вашиот видео запис, откога ќе ги завршите вашите сетирања кликнете на првата опција која се наоѓа во горното мени со наслов target device а потоа на копчето Ок. По ова операција DVD Shrink ќе започне да го копира дискот во вашата веќе одбрана локација, откога ќе заврши со копирањето на дискот програмата DVD Shrink ќе ви побара да внесете во вашиот режач празен DVD диск за да започне со режење на видео записот, но во случај ако не сте во состојба да внесете веднаш DVD празен диск ќе кликнете на копчето Cansel што на наше преведено значи одби, и покрај што сте го одбиле истантното режење видео записот кој сте го ископирале и понатакај останува во компјутерот кој истиот можете во иднина да го изрежете преку опцијата Open Files со ова иста бесплатна програма која тежи неверојатни 2MB!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment