Thursday, December 20, 2007

DVD софтвер

DVD Shrink е бесплатен и неверојатно мал софтвер кој ќе ви заврши за еден миг работа за да пренесете некој DVD видео запис на вашиот компјутер или да напрвите од истиот друга копија, исто така овозможува компресија на DVD форматот и вадење од менито некоји делови кои за вас не се потребни. Постапката за правење на DVD видео копија e следнава: за да започнете со кпирањето DVD дискот отпрвен ќе ја покренете DVD Shrink програмата а после овој чекор ќе го внесте во вашиот DVD читач или подруго кажано во вашиот DVD ROM потребниот DVD диск, кој за да ви го изреже видео записот потребно е да биде DVD читач и DVD режач a не DVD читач а обичен CD резач. Откога ќе го внесете DVD видео записот ваш следен чекор е да го кликнете копчето со наслов open Disc које што се наоѓа како прва дадена опција од левата горна страна во веќе отворениот прозорец. Откога ќе го кликнете ова копче вас ќе ви се отвори едно мало прозорче на које пишува Open DVD disc во које во внатрешниот дел пишува Select DVD drive или наш јазик преведено "СЕЛЕКТИРАЈ ГО DVD ПОГОНОТ ВО КОЈ СЕ НАОЃА DVD ВИДЕО ЗАПИСОТ", ако вашиот компјутер располага со повеќе DVD погони или така наречени читачи во паѓачкото мени ќе ви се појавата повеќе DVD погони кој еден во кој што се наоѓа DVD дискот ќе го селектирате. Исто така ако имате претходно некој виртуелен drive исталирано DVD Shrink ќе препознае како втор DVD drive. Откога ќе го селектирате DVD погонот во кој што е вметнат DVD дискот ќе кликнете на копчето ОК. После ова команда вашиот DVD читач ќе направи една кратка анализа на DVD дискот. По анализирањето на DVD дискот DVD Shrink ќе ви отвори други опции који беа претходно недостапни: копчето Beckup које ви овоможува да ја одредите локација во која планирате да го сместите привремено или конечно вашиот DVD видео запис и опцијата со наслов COmpression Settings која ви овозможува да го компресирате вашиот DVD видео запис. За да започнете со вадење на копија од вашиот видео запис притиснете на копчето со наслов Beckup. Откога ќе кликнете на ова копче пред вас ќе ви се отвори едно прозорче на које пишува Beckup DVD. Во ова прозорче ви се дадени две опции преку кои можете да го селектирате вашиот режач и да креирате локација и папка во која планирате да го копирате DVD видео записот. Селкција на DVD режачкиот погон или така наречен DVD режач се врши преку опцијата која се наоѓа како прва од горната страна која е истакната со наслов Select Beckup Target a опцијата која ви овозможува да создадете локација и папка за вашиот DVD видео запис е истакната преку вторта опција со наслов select folder for temponery files, откога ќе заврште со ова сетирање на крајот на горното мани преку опцијата со наслов Burn Settings можете да ја сетирате брзината со која планирате да го изрежете вашиот видео запис, откога ќе ги завршите вашите сетирања кликнете на првата опција која се наоѓа во горното мени со наслов target device а потоа на копчето Ок. По ова операција DVD Shrink ќе започне да го копира дискот во вашата веќе одбрана локација, откога ќе заврши со копирањето на дискот програмата DVD Shrink ќе ви побара да внесете во вашиот режач празен DVD диск за да започне со режење на видео записот, но во случај ако не сте во состојба да внесете веднаш DVD празен диск ќе кликнете на копчето Cansel што на наше преведено значи одби, и покрај што сте го одбиле истантното режење видео записот кој сте го ископирале и понатакај останува во компјутерот кој истиот можете во иднина да го изрежете преку опцијата Open Files со ова иста бесплатна програма која тежи неверојатни 2MB!

Antel Corp DVD

Atmel Corp. најави дека произвел нов чип за контролирање на ласерски диоди кој ќе се употребува во комбинирани Blu-ray/HD DVD, DVD, CD плеери и оптички уреди за комјутер. Иако со овој чип еден уред може да чита повеќе стандарди сепак треба различна диода за различен тип на диск.
До сега исплатливите Blu-ray/HD DVD/DVD/CD системи имаа потрева да користат 4 уреди 3 осцилаторски чипови и еден „трансимпедансен“ појачувач додека Атмеловиот нов ATR0885 го прави да биде возможно да се направи многу исплатлив систем со плав ласер со само еден чип. Додека уште неколку други поизведувачи имаат најавено комбинирани Blu-ray/HD DVD плеери, не е јасно како тие се дизајнирани.
Атмеловиот ATR0885 чип се состои од 3 излези и секој може да биде користен за сини ласерски диоди со бранова должина од 405 nm (Blu-ray/HD DVD), DVD ласерски диоди со бранова должина од 780 nm или CD ласерска диода со бранова должина од 650nm. Сините ласерски диоди кои се користат за Blu-ray/HD DVD системите имаат потреба од извор на напон способен да донесе повисок напон од 5v кој е обично употребуван кај CD и DVD диодите. За да го задоволи ова барање, секој од трите излези на ATR0885 има посебен снабдувач на напон способен да обезбеди напон до 8V.
Произведувачот тврди дека производите од конкуренцијата имаат само претходно одредени излези за сина ласерска диода, додека нивниот ATR0885 му овозможува на системскиот дизајнер слободно да одлучи кој од трите излези ќе го искористи за сината ласерска диода. Ова значи дека дизајнерот може да го избере излезот што е најдобро лоциран во специфичниот дизајн за водовите да се колку што е можно пократки, што овозможува да се направат дизајни кои се помали и поисплатливи додека истовремено овозможуваат и високи перформанси.
Произведувачот стациониран во San Jose, California објасни дека за автоматската контрола на моќноста, интегриран е „трансимпедансен“ засилувач кој има поддршка на сите три излези. Зголемувањето на секој канал може да се подеси посебно со користење на три посебни отпорници. Интегриран осцилатор го намалува скокањето на ласерот. Со користење на еден надворешен отпорник, може да се одбере фрекфенција од 200 до 500 MHz за сите излези. Три дополнителни отпорници можат да овозможат струја до 100 mA (peak-to-peak) за секој излез посебно. Осцилаторот истотака може да биде наместен да работи во „spread-spectrum“ мод за да ги намали електро-магнетните пречки.
Примероци од ATR0885 се достапни во продажба во мали QFN24 пакувања. Цената почнува од $2.6 на 10 000 парчиња.
Blu-ray и HD DVD форматите се натпреваруваат меѓусебно кој ќе го замени DVD стандардот. HD DVD дисковите можат да складираат податоци до 15GB на еден слој и до 30GB на два слоја. Неговиот соперник, Blu-ray, може да складира до 27GB на еден слој и до 50GB на два слоја, но Blu-ray дисковите се поскапи за производство. Поддржувачи на HD DVD се Toshiba и NEC, како и DVD форумот, кој претставува преку 230 компании низ светот. Blu-Ray пак е подржуван од Sony и Panasonic, кои се меѓу најголемите светски произведувачи на електроника и ел. производи. Меѓу холивудските студија HD DVD е поддржуван од Warner Bros. Studios, New Line Cinema, Paramount Pictures и Universal Pictures, додека Sony Pictures, Walt Disney, Warner Bros. и Twentieth Century Fox го поджуваат Blu-ray.

Thursday, December 13, 2007